Нов состав на Универзитетскиот сенат на УКИМ, за претседател со една година мандат е избран проф. Владо Бучковски

Почна функционирањето на новиот состав на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за новиот мандатен период  (1 јули 2026 – 1 јули 2029) по конститутивната седница на Сенатот одржана на 23 јуни 2026.

Универзитетскиот сенат ги  извршува своите надлежности во согласност со законските и статутарните одредби на УКИМ.

Како што објави Универзитетот, по спроведено гласање на конститутивната седница  проф. д-р Владо Бучковски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ е избран за претседател на Универзитетскиот сенат за мандатен период од една година. 

МИА

Најчитани вести