Полнет модар патлиџан со зеленчук

Уште едно здраво јадење полно со зеленчук.. 

         Состојки:

  • 2 средни модри патлиџани
  • 1 голем кромид
  • 1 праз
  • 1 чешне лук
  • 1 свежа црвена пиперка
  • 100 грама свежи печурки
  •  2 големи домати
  • сол, бибер, свеж магдонос,пармезан
  • маслиново масло

        Подготовка:

Исечете го модриот патлиџан на половина по должина, извадете ја средината со лажица и исечете ги на коцки. Пржете ситно исецкан кромид и праз во маслиново масло. Додадете лук и исецкана пиперка.

Пржете сè кратко време, потоа додадете ги коцките модри патлиџани. Зачинете по вкус. Исечете ги печурките на листови, додадете ги во остатокот од зеленчукот и крчкајте уште неколку минути. На крајот додадете  домати исечени на коцки.

Ставете ги издлабените половинки од модри патлиџани во тава за печење, наполнете ги со подготвениот фил и наросете со пармезан, сецкан магдонос и малку маслиново масло. Ставете малку вода и масло околу нив.

Печете 30 минути во претходно загреана рерна на 200 степени додека зеленчукот не омекне. Сервирајте топло!

МИА

Најчитани вести