Туна салатата е лесен, хранлив и освежителен оброк кој се подготвува брзо и едноставно. Благодарение на комбинацијата од свеж зеленчук и туна, оваа салата е идеална како лесен ручек, вечера или прилог. Највкусна е кога ќе отстои кратко време во фрижидер, за сите состојки добро да се соединат.
Потребни состојки:
- 1 црвен кромид
- китка млад спанаќ
- 2 пиперки
- 6-8 шери домати
- 2 конзерви туна
- 2 лажици сок од лимон
- 3 лажици масло
- Сол по вкус
- Црн пипер по вкус
Начин на подготовка:
Спанаќот исчистен, измијте го и ставете го во поголем сад. Исцедете ја туната добро од течноста и ставете врз спанаќот. Исечкајте ги кромидот, пиперките на коцки и шери доматите на половинки или по желба, па додајте ги во садот.
Зачинете со сол, црн пипер, сок од лимон и масло. Нежно измешајте ги сите состојки додека рамномерно не се соединат. Оставете ја салатата да отстои 20–30 минути во фрижидер пред сервирање, за вкусовите подобро да се измешаат.
МИА


