Во Битола на улицата „Ружа Делчева“ бр.13, утрово било опожарено патничко моторно возило марка „БМВ“ сопственост на битолчанецот Г.М., кој возилото го чувал на паркингот пред својата зграда. Пожарот беше пријавен рано утрото околу 4:50 часот и брзо интервениравме, посочи Костадин Поповски, раководител на територијалната против пожарна единица во овој град.
– На терен излеговме со екипа и специјализирано против пожарно возило кое го изгасна пожарот врз возилото кое беше паркирано на улицата „Ружа Делчева“ бр.13 , потврди Поповски.
СВР-Битола поведе истрага за овој случај што утрово беше регистриран во Битола. Како што е познато неодамна во овој град, на отворено фрекфентно место, во рани утрински часови беа опожарени две патнички моторно возила од висока класа.
]]>


