Нешто над 10 килограми марихуана пронашла и одзела полицијата од А.С.(40) од Мала Речица и И.С.(33) од Долно Палчиште на кои им е определена мерка притвор од 30 денa, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според него, полицијата вчераутро околу 3 часот на улица „Љуботенска“ во Тетово запреле патничко возило „Лада нива“, сопственост и управувано од И.С(33) од Долно Палчиште, а во кое се наоѓал и 40-годишниот А.С(40) од Мала Речица. При преглед на возилото во неговиот багажник пронајдени се две најлонски пакувања со марихуана, обвиткани со селотејп лента.
– Нешто подоцна со соодветна судска наредба и во непосредна координација со јавен обвинител, извршен е претрес во објект во Долна Лешница кој го користел А.С при што во подрумската просторија на објектот пронајдени се уште осум најлонски пакувања со тревкаста материја, како и една дигитална вага. Пронајдената тревкаста материја со вкупна тежина од 10 килограми и 374 грама е одземена и ќе се вештачи, додека двете лица со кривична пријава изведени се пред судија во претходна постапка, кој им определил мерка притвор во траење од 30 дена, изјави Јосифовски.
]]>


