IT.com.mk е отворена тема за „Помош на деца без родители“ преку која форумџиите, предводени од корисникот gOJDO (Кирил Ачкоски), се организираат да им подарат компјутер на две деца, одлични ученици, кои растат сами без родители. „Доколку го склопиме компјутерот и останат парични средства, истите ќе ги пренамениме за училишен прибор и книги кои им се потребни на децата“, вели Кирил и додава: „Доколку има ресто делови, ќе ги чуваме за да склопиме компјутер кој ќе го донираме на други деца на кои навистина им е потребен и го заслужуваат. Однапред благодарам на сите хумани и совесени форумџии“. До сега се собрaни околу 5.000 денари и доста различни делови за компјутерите. Доколку имате желба да донирате хардвер или финансиски средства, слободно пишете на форумот.]]>


