Македонија е рангирана на 43 место од 184 земји во светот според индексот на економски слободи за 2014 година, што заеднички го објавија Фондацијата „Херитиџ“ и „Волстрит Журнал“.
Индексот на економски слободи во Македонија годинава е подобрен за 0,4 поени во однос на лани, што е најдобар скор откако е вклучена во рангирањето во 2002 година.
Во извештајот се наведува дека во Македонија е забележано подобрување во девет од 10 категории според кои се врши рангирањето: бизнис-слободи, трговски слободи, фискални слободи, јавна потрошувачка, монетарна слобода, инвестициска слобода, финансиска слобода, слобода на пазарот на труд, право и заштита на сопственост и корупција.
Од земјите во регионот Албанија е на 54 место, Бугарија и Романија на 62, Црна Гора на 68, Словенија на 74, Хрватска на 87, Србија 95 и Босна и Херцеговина 101 место.
]]>


