Во првото коло на наградната игра „Фискална во рака, награди без мака“ учествуваа над 800.000 коверти испратени од македонските граѓани преку „Македонски пошти“ или дирекно донесени во просториите на „Државна лотарија“.
Вредноста на услугата за испраќање во Македонија на најбично стандардизирано писмо чини 16 денари. Ако кон ова ги додадеме и 2 денари за плик, тоа се 18 денари. Под услов 600.000 писма од вкупните 800.000 да биле испратени по пошта, буџетот на Република Македонија се наполнил со 10.800.000 денари или 175.610 евра, затоа што „Македонски пошти“ се државна институција.
Доколку останатите 200.000 пликоа донесени дирекно во „Државна лотарија“ се купени од „Македонски пошти“, а не се од книжарница за пет денари, тоа се најмалку уште 400.000 денари или 6.504 евра.
Значи за 800.000 пликоа пристигнати во првото извлекување во пошта се слеале најмалку 182.114 евра.
Од овие пари може да се купат сите доделени награди во првото извлекување, но се уште не е сѐ пресметано.
За второто извлекување, вчера беше промовирана поштенска марка што чини 8 денари со специјална намена за наградната игра. Досега важеше сумата од 18 денари, но сега таа е намалена на 10 за едно ипратено писмо.
Да претпоставиме дека сите испратени писма за второто извлекување се платени по 10 денари, под услов бројот на вакви писма да биде половина од бројот на пристигнатите писма за наградната игра во првото извлекување, значи 400.000 писма во второто коло на наградната игра на „Македонски пошти“ ќе им донесат уште 4.000.000 денари или 65.054 евра.
Знајќи дека ќе има вкупно 13 извлекувања, а досега дојдовме до сумата 247.168 евра во првите две извлекувања, не е тешко да се претпостави дека милион евра народни пари во пошта ќе влезат веќе по првите 6 извлекувања. во најлош можен случај.
Па, сега имајќи ја пред очи оваа „најпроста математика“ прашуваме кој е најголем добитник во наградната игра „Фискална во рака, награди без мака“, имајќи во предвид дека највредните награди, трите стана во 13. извлекувања ќе чинат не повеќе од 150.000 евра.
]]>



