Екипата на Лацио вечерва пред својата публика ја пречекува Парма во натпревар од осминафиналето на фудбалскиот Куп на Италија. Средбата на стадионот „Олимпико“ во Рим ќе започне од 21 часот, а е една од последните четири во оваа фаза на натпреварувањето.
Останатите три ќе се играат утре, а двојките се: Катанија – Сиена, Милан – Специја и Наполи – Аталанта. Победниците од овие натпревари ќе обезбедат пласман во четвртфиналето каде веќе е позната и првата двојка, Рома – Јувентус. Останатите два тима кои веќе обезбедија место меѓу осумте најдобри во Купот на Италија се Удинезе и Фиорентина.
]]>


