Темпото на раст на светската економија во следните години ќе се зголемува бавно, но сигурно, пренесе ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на извештај на Светската банка (СБ). Според прогнозите на Светската банка, темпото на раст треба да се зголеми од 2,4 проценти во 2013 година на 3,2 проценти во 2014 година.
Што се однесува до следните две години, овој показател ќе расте постепено, во 2015 година тој ќе изнесува 3,4 проценти, а во 2016 година 3,5 проценти.
Во извештајот се забележува дека економскиот раст во земјите во развој ќе биде поддржан од соодветни показатели во државите со развиени економии, а исто така и од натамошниот значителен раст во Кина. Истовремено, меѓутоа, ситуацијата останува ранлива за проблемите предизвикани од растот на каматните проценти (на кредитите) и потенцијалната непостојаност во движењето на капиталот. Тоа било поврзано со одлуката на Управата за федерални резерви на САД да почне да ја намалува програмата за помош на американската економија.
Според проценките на СБ, во земјите со брз развој растот на економијата во целина ќе достигне 5,3-5,7 проценти во следните три години.
„Независно од тоа што овој показател е понизок од достигнатиот во периодот на бумот- 2003-2007 година, тоа не е повод за загриженост“, смета СБ, затоа што тоа претставувало ладење од неоддржливиот раст.
]]>


