Во текот на изминатите 24 часа на територијата на Градот Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета и четири со последица телесни повреди со кои се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила и тројца сопатници. Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.
Од страна на сообраќајната полиција со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се вкупно 71 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
]]>


