Олимпик Лион го победи Олимпик Марсеј со 2:1 и со тоа ја комплетира листата на полуфиналисти во Лига купот на Франција.
Во дербито на четвртфиналната фаза синоќа на „Стад Жерлан“ во Лион, Олимпик до победата над својот имењак од Марсеј дојде со головите на Гуркуф и Гомис. Единствениот погодок за Марсеј беше дело на Жињак.
На другите две вчерашни средби победи за домашните екипи: Нант – Ница 4:3 и Троа – Евиан 3:1.
ПСЖ со победата над Бордо од 3:1 во вторникот се избори за место меѓу четирите најдобри.
Во полуфиналето на 4 февруари ќе играат: Нант – ПСЖ и Олимпик Лион – Троа.
]]>


