Скопјанец претепан со шипки и стапови

Дваесет и шестгодишен скопјанец бил претепан од неколку лица, кои го удирале со шипки и стапови додека бил во возило. Како што информираат од МВР, вчера околу 30 минути по полноќ на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, неколку непознати лица физички го нападнале скопјанецот Ј.Ф.(26) на начин што му ја отвориле вратата од возилото во кое се наоѓал оштетениот и со шипки и стапови почнале да го удираат по главата и телото.

По преземени мерки и активности од СВР Скопје утврден е идентитетот на две лица Д.В.(26) и Ј.М.(20) двајцата од с.Сарај, скопско. Се работи на утврдување на идентитетот и на други учесници во физичкиот напад.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести