Холивудскиот актер Џејмс Ван Дер Бик ќе го глуми министерот Никола Тодоров во ситкомот со примеси на мелодрама „Тендер“. Серијата се снима во студијата на ТВ Сител на Градски стадион бб.
На аудицијата, актерите требало да се расплачат без причина и да ја кажат познатата реплика од „Тендер“: „Зошто ме мразите? Што сум ви направил?“
Ван Дер Бик инаку е познат по сцената (на фотографијата погоре) кога се расплака во комедија надвор од сценариото, што му се допаднало на режисерот и решил да го остави кадарот во финалниот продукт.
И режисерот на „Тендер“, познат и како поранешен статист во Драмски, Никола Груевски, бил воодушевен од плачењето на Тодоров пред нападите на Шекеринска и Казанџиска, надвор од сите пи-ар сценарија што му ги подготвиле во партијата, па бил решен да го овековечи тој момент во серијата „Тендер“.
Засега е непознато колку епизоди од „Тендер“ биле снимени на Градски стадион бб, но се очекува сите, една по една, да излезат во јавноста.
Извор: Коза ностра
Ова е измислена вест и не треба да се сфати сериозно.
]]>


