Попај морнарот, цртаниот лик на бестрашен човек со тетоважи на сидра на своите раце и луле во устата, што добива неверојатна сила од спанаќ, денеска го слави својот 85. роденден.
Цртаниот лик е дело на американскиот аниматор Елзи Крислер Сегар, кој првпат го претстави на 17 јануари 1929 година во стрипот „Thimble Theatre“. Ликот подоцна добива голема популарност по што и стрипот го добива неговото име.
Попај морнарот набрзо е екранизиран и во периодот од 1933 до 1957 година снимени се околу 230 кратки серии и три долги анимирани филмови
]]>


