Аферата со уредничката на „Сител’, Ивона Талевска, жестоко ја „размрда“ Владата и министрите на премиерот Никола Груевски. Не помогна ни фактот што премиерот го реши проблемот со стечајците и професионалните војници, како ни тоа што Ивона најави дека ќе побара средба со високи претставници на владиниот кор и ќе биде одбиена.
За да се заборави оваа афера во јавноста, агенциите пресметаа дека нема да помогне ни фактот да биде уапсена некоја позната личност, ниту пак да има покачување на платите и пензиите, како ни тоа што наводно Зоран Заев или некоја друга личност од СДСМ ќе биде обвинета за криминал.
Затоа министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски одлучил сам да се жртвува и да направи скандал поголем од тој на Ивона, за конечно да биде отргнато вниманието од фирмите на „Градски стадион ББ“.
Затоа неговото министерство вчера, за 3.296 евра продало 2.855 квадратни метри во строг центар на Скопје, каде што е предвидено да се гради хотел на седум ката.. На јавниот оглас за продажба понуда доставила само една фирма „Амадеус стоун“, која државното земјиште го купила по цена од 71 денар за квадратен метар, што е само 10 денари повеќе од почетната цена.
-Денеска не се зборуваше за Ивона и Латас. На Фејсбук одеа коментари само за продавањето на државата по 71 денар за метар квадратен, што е мнногу добро, констатираше портпаролот на Министерството, конечно насмеан по една цела недела тажење и тресење.
-Немаше што друго да се направи, подобро премиерот да ми се лути мене, отколку на Тодоров, изјавил министерот Јанакиевски по пордавањето на земјиштето додавајќи дека во ВМРО ДПМНЕ важи добро познатата парола „Еден за тројца, тројца за еден“
Повеќе детали за овој трансфер на земјиште, не се соопштуваат, а нема ни коментар од повисокото раководство, дали конечно целта е постигната и која е всушност таа. Ако е продавање на државата, значи на добар пат сме, ќе влеземе во ЕУ многу побргу од што се очекуваше.
Предупредување: Ова е измислена вест и не треба да се сфати сериозно.
]]>


