Швајцарецот Патрик Кинг е победник на петтиот сезонски спуст возен денеска на патеката во Венген, (Швајцарија). Швајцарскиот скијач трката ја заврши со време од една минута и 32.66 секунди доволно за втора победа сезонава на најбрзите скијачки патеки во Светскиот куп. На подиумот се искачија и Ханс Рејхел (Австрија) кој задоцни шест стотинки зад победникот и Аксел Лунд Свиндал (Норвешка) со седум стоти делови од секундата заостанување зад Кинг. Свестки куп пласман во спуст: Свиндал 360 бодови, Рејхел 260, Кинг 221,… Во Генералниот пласман во Светскиот куп води Свиндал со 757 бодови, пред Марсел Хиршер (Австрија) кој има 675 и Тед Лигети (САД) со 433 бода.
]]>


