Јувентус и Рома до нови бодови во Серија А

Лидерот Јувентус и второпласираната Рома синоќа во првите два натпревара од 20. коло на Италијанското фудбалско првенство забележаа победи и не му дозволија на Наполи да се надева на намалување на разликата на табелата. Постигнати резултати: Рома – Ливорно 3:0 и Јувентус – Сампдорија 4:2. Денеска се играат другите дуели од овој круг: Удинезе – Лацио, Аталанта – Каљари, Катанија – Фиорентина, Џенова – Интер, Болоња – Наполи, Киево – Парма, Сасуоло – Торино и Милан – Верона. Табела: Јувентус 55 бодови, Рома 47, Наполи 42, Фиорентина 37, Интер 32, верона 32.

]]>

Најчитани вести