(ВИДЕО) Шокантно сведоштво на српски „Шакал“: Како колевме Шиптари на Косово!?

Поранешен член на паравоениата единица „Шакали“, Зоран Рашковиќ Сердар сведочел во емисијата „Живот Косова – ратни злочини“, што се емитува на Радио Телевизија Косово и е посветена на зосторствата направени од паравоените единици.

Рашковиќ сведочел за злочините направени во селата  во селата Љубениќ, Пављан, Захаќ и Ќушка кај Пеќ во 1999 година и во специјалниот суд за кривични дела во Белград. Како што изјавил во емисијата, во Пеќ дошол во 1997 година како доброволец во склоп на воената полиција, а по извесно време пристапил на воената единица наречена „Шакали“, што ја водел Небојша Миниќ, наречен Мртви, кој починал од сида во бегство во Аргентина.

sakali2

Откако одлучил да сведочи, неговиот живот е во опасност и е под постојана заштита на полицијата.

– Сведок сум на убиствата на повеќе од 200 Албанци, меѓу кои имаше и жени и деца, како и на прогонувањето на преку 10.000 луѓе, започнал со своето сведоштво Рашковиќ.

Тој објаснил дека се одлучил да сведочи во 2009 година, кога обвинителот го посетил во затворот и му покажал листа на обвинети за воени злосторства, на која немало ниту еден обвинет од паравоените единици „Шакали“.

– „Шакалите“ се воени кучиња. Тоа е група што работи на свој начин. Нив не ги интересира ниту вера, ниту народ. Тие го прават тоа што никој друг не смее или нема желудник, опишува Рашковиќ и додадава дека еден од најтешките злосторства извршени на територијата на Чушка е тој во кој, според обвинителството се убиени 44 луѓе, а неколку стотици се натерани да се иселат од своите домови.

sakali

– Во 8 и половина наутро, во Пеќ, Небојша Миниќ, лидерот на „Шакали“ рече „Ајде мрднете, пакувајте се. Намачкајте си го лицето со црна боја. Се „натрупавме“ во возилата. На пет километри од Пеќ, влеговме во едно село и по веќе уиграно и познато сценарио, таму имаше силувања, таму се случија многу грозни работи. А причината за доаѓање во ова село беше тоа што ова е родно село на нивниот воен командант, сегашен министер за одбрана на Косово, Агим Чеку. И ние „Шакалите“ им ги заклавме и татковците и чичковците и не знам уште што, вели Рашковиќ.

Тој додава дека по „пеколот“ одвоиле околу 40 селани и ги распределиле во неколку групи по куќите, каде што ги ликвидирале.

sakali3

– Истиот тој ден пројдовме и во Пављан, подоцна во Захаќ нормално дека остававме крвава трага зад себе, вели Рашковиќ. Не барајте да ви го опишувам тоа сега. Ќушка беше приоритет. Тоа што пројдовме и низ уште две села и што убивме уште десетина луѓе беше како нус – појава, признал припадникот на паравоената вормација  пред новинарката на РТК.

По овие села на ред дошло Љубениќ, селото каде што според Рашковиќ се убиени најмногу албански цивили.

ИЗВОР: Телеграф.рс, Б92

]]>

Најнови вести

Најново од Балкан, Топ Вести

Најчитани вести