Тетово: Излегол да си купи цигари, му го „собрале“ хјундаито

Шеесет и седум годишниот Н.В. вчера вечерта околу 20.45 часот во Тетово го оставил своето „Хјундаи ИХ35“ во запалена состојба и излегол да си купи цигари, но по враќањето назад автомобилот го немало, извести полицијата.

Ограбениот човек возилото го оставил на раскрсницата од ул. „Љубо Божиноски Пиш“ и ул. „Благоја Тоска“ и влегол во маркетот во близина, а кога излегол надвор забележал дека му го нема возилото.

Покрај автомобилот украдени му се и мобилниот телефон, ак-ташната и сообраќајна дозвола што биле во возилото.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести