Бранислав Ангеловски веќе нема да игра во националниот тим, рече денеска селекторот на ракометарите Ивица Обрван по вчерашната изјава на бекот кој отворено го критикуваше Обрван и натурализирањето на ракометари. – Ангеловски немаше ниту доблест утрово да седне да поразговара со мене, така што сега слободно можам да кажам дека тој нема да игра на утрешниот меч. Исто така, се додека сум јас селектор на Македонија, тој нема повеќе да биде повикуван во националниот тим- вели Обрван. ]]>


