Тринаесетгодишник ранил со пиштол петнаесетгодишник во Гостивар

Петнасетгодишен малолетник од Горна Бањица е ранет во рака и нога откако негово другарче испукало еден куршум од пиштол. Според првичните сознанија, ранетото дете е надвор од животна опасност и е на лекување на скопските клиники.

Од информациите со кои располага СВР Тетово, до ранувањето дошло синоќа околу 22 часот пред домот на помалиот тринасетгодишен малолетник. Дететото, најверојатно додека играле влегло во домот и отаму донело пиштол кој неговиот татко го поседувал со дозвола. Набрзо го репетирал и испукал еден куршум. Од куршумот детето било рането во левата рака и нога, а набрзо потоа пренесено во гоставарската болница, од каде по пружената медицнска помош е префрлено на скопските клиники.

]]>

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести