Зошто денес е потешко да се остави пушењето од пред 15 години

Нивото на никотинот во цигарите се зголеми од 1999 до 2011 година за дури 15 отсто, се тврди во студијата која ја објави списанието Nicotine and Tobacco Research.

Податоците се собрани од годишните извештаи кои во Одделението за јавно здравство во Масачусетс ги доставувале четири големи производители на цигари во периодот од 1997 до 2012 година.

– Младите полесно стануваат зависни по првите цигари кои ги пушат – изјави директорот на студијата Томас Ленд, директор на Канцеларијата за информирање за здравството при Министерството за здравство за Бостон Глоуб.

– Секој ден 3800 американски тинејџери ја пробуваат своја прва цигара, а од таа бројка 1000 од нив  стануваат пушачи. Тие кои не се во состојба по некое време да престанат да пушат, ќе починат, во просек 13 години порано од своите врсници, се вели во службениот извештај Сурген Генерал од 2012 година, пишува Глоуб.

Ова истражување не е прво кое укажува на зголемениот никотин во цигарите – во 2007 година истражување на Харвард откри дека нивото на никотинот во цигарите од 1997 до 2006 година се зголемило за 11 отсто.

Никотинската индустрија тогаш за порастот ги обвини новите методи во земјоделството кои довеле до поголема концентрација на никотин во тутунот.

Но Ленд тврди, ако е тоа во прашање, дека би сведочеле за ист тренд кај сите производители, а не само кај четирите главни производители, сметајќи дека сите купуваат цигари од исти региони. А не сведочевме.

Во студијата се донесува заклучок дека нивото на никотинот во цигарите може да се контролира и дека треба да го следат и регулираат Владини агенции.

]]>

Најчитани вести