(ФОТО) 21 роденден на „А1“ телевизија: Kолку повеќе ја нема, толку повеќе се чувствува

На 20 јануари 1993 година започна со емитување првата приватна телевизија во Македонија, А1 телевизија.

Иако сега веќе згасната, долго време беше репер за независен медиум. Додека постоеше беше миленик на народот и ненадминлива по својата гледаност.

Сопственикот Велија Рамковски е во затвор, но вработените и годинава традиционално го одбележаа нејзиниот роденден. rooodddГи поврзува среќата, ги поврзува работата, ги поврзува пријателството, но и трагедијата што ги снајде.

Распрскани на различни работни места во моменотот, некои се уште невработени, сепак насмеани, весели и полни со љубов, поранешните вработени во „А1“ го прославија нејзиниот 21 роденден , во гостилницата „Носталгија“ за да ја залеат својата носталгија со чашка пијалок, добар муабет и познато друштво, во сопствена режија и на своја сметка. rpdenden121Групна фотографија од славениците. rodenden1Дел од правниот тим на „А1“, Иванка, Илинка и Диме… rodenden7Лука Суша, авторот на фотографиите, му благодариме, инаку снимател со тапија. rodenden6Уште сниматели и една женска… rodenden5Муабети, муабети… Кој беше, како беше, што беше… леле, леле… Кога си бевме големото друштво…

Да не заборавиме дека овој убав глас што се слуша во позадина е Сузана Турунџиева, „Браво шоу“, браво Сузе. rodenden4За да сè си биде како што треба, ова се дел организаторите на „А1“, Коки и Зоки. rodenden3Им се познава дека се новинари. rodenden2Зарем не?!

rodendne10 rodddddddddКако беше весело… rooddНема потреба од објаснување. rodendne9Овие не се гледаа, ама да не беа ништо немаше да почне навреме и да биде како што треба, текника и секретар на програма. rodendnen8За „А1“ телевизија Нина Кепеска од Охрид… rooddddddИ ете тоа е тоа: роденденска торта. roodНекогаш „А1“, сега „МТВ“, „Канал 5“, „Сител“, „24 Вести, „Алфа“… За многу години нека ви е, да сте живи и здрави.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести