Значи дека предолго време сте сами

Кога немате партнер долго време го губите чувството како е да се биде во врска. Понекогаш можеби сте збунети затоа што дури и не чувствувате потреба да бидете со некого.

Еве неоколку знаци што укажуваат дека предолго време сте биле сами и дека треба тоа да се промени.

Ги намалувате критериумите

Кога ќе почнете да ги намалувате критериумите и ќе започнете да правите компромиси при изборот на партнер, тоа е сигурен знак дека сте биле сами премногу долго. Сепак, дури и ако сте сами предолго време, не треба да прифатите некој што не ви се допаѓа.

Kога станува збор за врска, негативни сте

Упорно мислите и зборувате дека врските не се за вас. Ако не сте ја пронашле вистинската личност не значи дека треба на врските да гледате со недоверба и да верувате дека вие едноставно не сте за врска.

Мислите на претходната врска

Ве интересира дали некое од вашите поранешни момчиња се во врска или не. Ги следите и можеби сакате да бидете повторно со некој од нив. Ова ви се случува затоа што предолго време сте сами.

Недостаток на самодоверба

Започнувате да ја губите самодовербата и не се чувствувате добро. Долго време не сте биле со никој и се прашувате дали е се во ред со вас и вашиот изглед.

Ги држите мажите подалеку од себе

Сигурно имате поставено „ѕид“ околу себе преку кој не пуштате ниту еден маж да влезе. Можеби во минатото сте имале одредени лоши искуства во љубовта, но не дозволувајте тоа да ви влијае на животот и врските во иднина.

]]>

Најчитани вести