Три девојки во Гостиварско, во еден ден посегнале по своите животи откако испиле поголема количина на таблети. Жителка на селото Врапчиште завршила на клиниката за Токсикологија во Скопје. Во другите два случаи се работи за малолетни девојки, кои по укажаната помош се надвор од животна опасност.
Од СВР Тетово информираат дека, во еден часот по полноќ, во гостиварската болница била донесена 26-годишна жена од Врапчиште, која претходно се затрула со поголема количина таблети. По интервенцијата, девојката во безсознание била префрлена во Скопје, поради серизоно нарушена здравствена состојба.
Со симптоми на труење синоќа биле донесени и две тинејџерки, 17-годишна девојка од Гостивар и 16-годишна малолетничка од Неготино-Полошко. И тие се обиделе да си го одземат животот со пиење таблети, но за среќа поминале без поголеми последици и по укажаната лекарска помош биле пуштени дома.
Како мотиви, во два случаи се наведуваат љубовни проблеми, а во третиот, проблеми во училиште.
]]>


