Пајакот во Скопје вчера отстранил 93 возила

Сообраќајната полиција на подрачјето на Градот Скопје во текот на изминатиот ден изврши увид на вкупно седум сообраќајни незгоди.

Од нив две се со последица материјална штета и три се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патнички моторни возила, тројца сопатници и еден мотоциклист. Се случиле и две незгоди со последица тешки телесни повреди во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште две незгоди во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Вчера беа откриени и санкционирани 25 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин и петмина пешаци поминале на црвено светло на семафорите за пешаци. Санкционирани се и четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 27 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 13 возачи се движеле со возилата со брзина поголема од 90 километри на час во населено место и седуммина возачи не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ сообраќајната полиција отстрани 93 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во текот на викендот имаме најава на вонреден настан. Во недела со почеток во 17 часот во Универзалната сала ќе се одржи Основачко собрание на Младинскиот форум за граѓанската опција за Македонија ГРОМ. Место на собирање на граѓаните ќе биде на булеварот „8 Септември“ пред и после крстосницата со булевар „Партизански одреди“ каде се очекува со моторни возила да пристигнат граѓани од Скопје и од внатрешноста. За време на движењето на граѓаните по бул. „Партизански одреди“ во Карпош 3 према Центар сообраќајот ќе биде пренасочен на потегот од крстосницата „8 Септември“ па се до Универзалната сала, а додека правецот од Центар према Карпош 3 по бул. „Партизански одреди“ сообраќајот ќе се одвива нормално.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести