Пријава за вработување како професор по физика

На 13-ти јануари ми се јави жена од училиштето за да ми каже дека утредента (на 14-ти) треба да одам во училиштето за да полагам мајчин јазик. Се зачудив бидејќи јас аплицирав за професор по физика, а не по македонски јазик. Добро е што на 13-ти се најдов во Скопје, па немаше потреба утредента да трошам цел ден и пари за доаѓање во Скопје.

Утредента во училиштето надлежните „контролорки“ (за да не препишуваме) а и една симпатична плава, висока, грлата и многу арогантна жена ми кажаа дека според новиот закон, полагањето мајчин јазик било задолжително за сите кои се пријавиле на огласот за вработување, т.е. за невработените но и за сите вработени кои не се „со решение“. Затоа „полагаа“ и тековните наставници по биологија, економија, физика, македонски јазик итн. Ова беше „тестот“ кој моравме да го полагаме; притиснете на сликата, за да го видите во нов прозорец; моите „одговори“ се со сино пенкало, а со црвено ме оценувала „професорката“ или „професорот“… без да стави оценка, секако: Testot-po-makedonski-jazik
Тестот! Во него погрешно е напишано „и“ со цртичка (т.н. и со апостроф).
  Неколкумина кандидати полагаа турски јазик, а меѓу нив беше еден веќе-вработен кој поради ова полагање доцнеше на час во друго училиште во Скопје. Кој знае колкумина дошле од други „кандидати“ за вработување градови, дале пари, потрошиле време и доживеале стрес за да полагаат мајчин јазик. Мене никој не ме повика на интервју за физика, предметот за кој аплицирав за вработување, иако практично дојдов од Делчево. Денеска (23-ти јануари) добив писмено известување дека јас не сум избран како професор. Претпоставувам дека директорот „ја избра“ професорката Наташа која веќе била вработена таму. Следниот пат кога ќе има оглас за вработување за професор по физика, директорите и директорките во цела Македонија нека не се грижат; 100% сигурно е дека ќе одам да полагам мајчин јазик во Скопје, Неготино, Куманово, Дојран… секаде ќе одам ако треба и во ист ден, во исто време, оти сè мора да е според Закон. Да живеат реформите во образованието! Уште нешто: Кога ќе прочитате некаде на реклама дека професорите по физика се „дефицитарни“, т.е. нема доволно во Македонија за постоечките училишта знајте дека тоа е ЛАГА!!! – Горан Арсов ИЗВОР: За арно, за убаво
]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс