МТВ, Канал 5 и Сител уште не разбрале за становите на Бонева

Националниот јавен сервис МТВ и денеска не информираше за прес конференцијата на СДСМ на која најголемата опозициска партија праша како пратеничката Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ во еден ден купила два стана во вредност од 360 000 евра и зоштo истите ги нема пријавено во анкетниот лист.

Скандалозно е однесувањето на МТВ како национален јавен сервис да не ги пренесува прес конференциите на најголемата опозициска партија. Очекуваме главниот и одговорен уредник Горан Петревски конечно да почне да ги исполнува своите законски обврски и да ја информира јавноста за активностите на СДСМ – ни изјави портпаролот на партијата Петре Шилегов.

За скандалот со непријавените станови на Бонева немаше место ни во вестите на Сител и Канал 5.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести