Жена со метална цевка си го убила сопругот во Облешево

Во кочанското село Облешево доцна синоќа се случила семејна расправија која завршила трагично и во која животот го загубил Благојче Ѓ. (55) од Облешево. Во расправијата која се случила во семејниот дом во село Облешево, помеѓу сопругата М.Ѓ. (48) и сопругот Б.Ѓ. настрадал сопругот. Имено, за време на расправијата сопругата зела метална цевка и го удрила сопругот во главата, по што Благојчо Ѓ. паднал на подот.

Во паника за настанатата состојба сопругата повикала итна медицинска помош и полиција, сметајки дека сопругот е во бесознание. Екипа на итната медицинска помош констатирала смрт на самото место на настанот, а полицијата ја привела сопругата М.Ѓ.

Починатиот Благојчо Ѓ. бил вработен во средното техничко училиште „Ѓошо Викентиев“ во Кочани како стручен наставник по машински предмети и пракса.

]]>

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести