Шампионот на Франција ПСЖ планира да ги засили своите редови со францускиот репрезентативец и фудбалер на Њукасл Јоан Кабаје.
Првичната понуда од 14 милиони фунти за откуп на договорот премиерлигашот ја одби и ПСЖ понуди нови 20 милиони за која англичаните се согласиле.
Се очекува во текот на денешниот ден играчот да мине и медицински прегледи во Париз и потоа трансферот да биде официјализиран.
Во дресот на на Њукасл, Кабаје одигра 79 натпревари и постигна 19 голови, а во тековната сезона стрелец е на седум голови.
Кабаје пред доаѓањето во Англија беше играч на француски Лил од 2004 до 2011 година.
]]>


