Мундобаскетот во Шпанија последен на кој ќе има учесници со вајлд-карти

Светското кошаркарско првенство во Шпанија што треба да се одржи оваа година ќе биде последното за кое ќе се доделат специјални покани за учество наречени вајлд-карти.

Системот на доделување на специјалните покани повторно е критикуван. Против таквиот начин на одбирање на учесници на СП деновиве најгласна е италијанската национална кошаркарска организација која се откажа од барањето на вајлд-карта поради високата цена која треба да се плати. Се шпекулира дека ФИБА само од барањата за ваквите покани инкасирала близу милион евра.

Барања за одобрување на вајлд-карта за СП во Шпанија имаат упатено 14 држави, а само за четири од нив ќе има место на Мундијалот.

Кандидати за специјална покана од ФИБА се: Турција, Босна и Херцеговина, Германија, Русија, Финска, Израел, Полска, Грција, Нигерија, Катар, Кина, Бразил, Канада и Венецуела.

Со новиот систем на натпреварување кој стапува на сила од 2017 година Светската кошаркарска асоцијација – ФИБА ќе овозможи настап на Мундијалот само за оние селекции ќе се изборат преку квалификации.

По Мундобаскетот во Шпанија, следниот светски собир на најдобрите кошаркари (во 2019) ќе биде прв од 1967 година што нема да се поклопи со Светското првенство во фудбал, а во групната фаза место ќе има за 32 репрезентации или осум повеќе од досегашните 24.

]]>

Најчитани вести