Сигурен сум дека веќе знаете што е ова црвеново од десната страна, но ќе ви помогнам и ќе ви кажам што е ова малечково црно од лево?!
Е тоа драги мои пријатели е парче памук кое јас пред една недела го ставив во истата оваа инка за преку него цела недела да ја процедувам водата што тече низ селскиот водовод во моето сакано село Ногаевци !!!
И самите можете да се уверите колку црнило и колку нечистотија се собрала за само една недела на ова малечко невино парче памук !!!!
Сите вие преку оваа фотографија сте директни сведоци за тоа каква вода пијат жителите на нашето село, со какви нечистотии, бактерии и какви уште не заразни нешта се труеме секојдневно!!! Нашите општински мафијаши што седат во општинската зграда, пијат купечка ладна вода и јадат кебапчиња и скара на кило секој ден на трошок на нашиот народ, не им паднало ни на крај памет да реагираат на нашите повици некој од власта да помогне во решавање на проблемот со загаденоста на водата за пиење!
Па оваа ваква вода не е употрблива ниту за раце да се измиеш, а не да ја пие некој!
Ако со оваа наша вода ги измиеш рацете ќе треба потоа да си купиш циста проверена купечка вода и повторно да се замиеш со сапунче !!!
Знаат да градат споменици, да си купуваат станови и коли, знаат да основаат фирми преку ноќ и да делат тендери помеѓу себе, а не знаат барем еден ден да се погрижат за сопствениот народ, иако имаа денови на избор со лопата да ги ринеш во овој период додека се на власт, а за сето тоа и поради ваквата негрижа и намерно оставање на група луѓе да се трујат со загадена вода еден ден гопспод сите по ред ќе ги казни.
Овде на земјава – ЗНАЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД КОЈА Е КАЗНАТА И ВЕЌЕ НА НАРЕДНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ ПРЕМИНЕ НА ЕГЗЕКУЦИЈА НА ВЛАСТА !!!!!!!!
Бриф.мк избор: Фејсбук статус на семејството Андоновски
]]>


