Во пресрет на вечерашното дерби од 24.коло во Премиер лигата меѓу Манчестер Сити и Челзи, тренерот на „Граѓаните“ Мануел Пелегрини вели дека ова ќе биде само еден од следните важни дуели кои треба да се победат на патот кон титулата.
– Да се освојат трите бода на вечерашниот натпревар е многу значајно, но треба да се потенцира дека тоа е само еден од многу дуели до крајот кои ќе го решат шампионот. Во трката за титулата се повеќе екипи. Секој „кикс“ ќе треба да се надополнува на друг натпревар и затоа е важно да се оди чекор по чекор. Во моментов сме фокусирани на Челзи и целта ни е постепено да напредуваме. Не знам како ќе игра противникот со нас. Тие имаат свој стил на игра, можеби нивниот начин мене не ми се допаѓа, но секој има право да игра како што ќе оцени дека е најдобро за него. Не сакам да критикувам други тимови, изјави Пелегрини.
Чилеанецот додаде дека сериозен конкурент во борбата за највисок пласман е и Арсенал, а го спомна и Ливерпул за кого рече дека се екипа која знае да влезе во победничка серија.
Натпреварот Манчетсер Сити – Челзи ќе започне вечерва во 21 часот. Тоа е последен дуел од 24.коло. Табела: Арсенал 55 бодови, Манчестер Сити 53, Челзи 50, Ливерпул 47, Евертон 45, Тотенхем 44,.
]]>


