Засега непознат крадец ја ограбил куќата на скопјанецот М.М., лоцирана на улицата „4-ти Јули“ во Скопје.
Според информациите од полицијата, кражбата се случила во петокот,кога крадецот преку отворен прозорец влегол во куќата на скопјанецот и оттаму одзел 10.000 евра, златен накит, две ловни пушки, пумпарица, пиштол, лап топ компјутер, се со вкупна вредност од околу 1.845.000 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот.


