Дерби дуелот на 24.коло од Премиер лигата одигран синоќа на „Етихад“ стадионот во Манчестер го доби Челзи со 1:0. Стрелец на единствениот гол во 32.минута беше Бранислав Ивановиќ.
„Сините“ од Лондон беа подобар противник, имаа позрели шанси, а трипати ја погодија и рамката на голот и на крајот заслужено ги освоија трите бода.
Поразот од Челзи за Манчестер Сити беше прв на домашен терен во шампионатот откако „граѓаните“ имаа 11 победи на досегашните дуели.
Челзи по овој триумф се изденачи со Манчестер Сити со по 53 бодови, а остана на третата позиција зад ривалот кого го победија, но пред Ливерпул кој е четврти со 47 бодови.
Лидер на табелата е Арсенал со 55 бодови.
]]>


