Екипата на Виљареал успеа да победи на последниот натпревар од 22.коло од Примера. Пред своите навивачи синоќа ја совладаа Осасуна со 3:1 и ја постигнаа 12.та победа во првенството.
Откако првиот дел заврши без голови, на самиот старт на второто полувреме Џереми Пербет (46.минута) донесе водство за Виљареал. Во 55.минута мануел Тригуерос зголеми на 2:0, а Пербет во 75.минута по втор пат постигнува гол на натпреварот за водство од 3:0. Почесниот гол за гостите од Осасуна во 87.минута го постигна Ориол Риера.
Виљареал со 40 бодови остана на 5.место на табелата, со три помалку од Атлетик Билбао, а четири повеќе од Реал Сосиедад (6.место).
Осасуна остна на 16.место со 22 бода.
На чело на табелата е Атлетико Мадрид со 57 бодови, пред Барселона и Реал Мадрид со по 54.
]]>


