Димовски ги објави имињата за натпреварот со Шпанија

Селекторот на македонската женска фудбалска репрезентација Добрислав Димовски го објави поширокиот списокот на кандидатки за настап на натпреварот со Шпанија.

Димовски ги повика: Чакмаковска Елена, Арсова Олгица, Мартина Смилковска, Ана Веселинова, Јасмина Стојанова, Катерина Милевска, Салихи Афродита, Спироска Виолета, Марковска Александра, Арсова Марина, Кокаловска Сашка, Костова Фроска, Наумовска Елена, Димковска Мертина, Јакоска Ели, Бојана Иванова, Драгана Костова, Анета Ѓеорѓиева, Скерлеска Стефани, Левкова Наташа, Наташа Андфонова, Гентијана Рочи и Накшије Кривањева.

Натпреварот Шпанија – Македонија ќе се одигра на 13 февруари во Логроњо (Шпанија) и е во рамките на втората квалификациска група за Светското првенство во Канада 2015 година.

– Шпанија во секој случај е во предност. Започнувајќи од временските услови. Таму е во тек првенството, за разлика од овде. Нашите клубови се уште не се започнати со подготовките. Сепак и ако состојбата е таква Фудбалската федерација на Македонија ни овозможува соодветни подготовки. Се надевам дека добро ќе се подготвиме за овој дуел и дека ќе се покажеме во солидно светло, истакнува селекторот Димовски.

]]>

Најчитани вести