Тренерот на Челзи Жозе Мурињо по синоќешната победа во дербито со Манчестер Јунајтед изјави дека неговиот тим не важи за главен фаворит за титулата.
– Не би рекол дека сме фаворити за освојување на Премиер лигата, впрочем тоа не ни е примарна цел. Наша задача е да составиме тим кој ќе добие препознатлива формација во играта и дури тогаш, пред почетокот на следната сезона да бидеме еден од фаворитите за титулата, изјави портигалскиот стручњак.
Мурињо се осврна и на дуелот со Сити.
– На натпреварот со Манчестер не бевме добри туку најдобри. Одигравме сјајно. Го победивме најдобриот тим во лигата и тоа двапати сезонава, додаде „Специјалниот“.
Во Премиер лигата по 24 одиграни рунди Челзи е трет со 53 бодови освоени со 16 победи и пет нерешени натпревари.
На првите две места се Арсенал со 55 бодови и Мaнчестер Сити со 53 и подобра гол-разлика од Челзи.
]]>


