Раководството на шпанскиот шампион Барселона не сака ѕвездата на ривалот Реал Мадрид да биде најплатен светски фудбалер, па одлучи на нивниот најдобар играч Лионел Меси да му понуди нов договор со кој неговата плата ќе се изедначи со платата на Кристијано Роналдо.
– Сигурен сум дека во следните неколку месеци ќе ја завршиме оваа работа. Меси е најдобар играч на светот и заслужува да биде платен и третиран како таков., изјави новиот претседател на Барселона Хавиер Фалус.
Токму со него, аргентинскиот репрезентативец имаше недоразбирање кон крајот на минатата година кога тогашниот потпретседател изјави дека не треба да му се зголемува платата на Меси, но по добивањето на новата функција Фаус и Аргентинецот ги надминаа недоразбирањата.
Инаку, во моментов Роналдо е најплатен фудбалер со 21 милион евра годишна плата, додека Меси заработува „скромни“ 12,5 милиони евра од плата и бонуси.
]]>


