Полицијата од Крива Паланка поднесе кривична пријава против О.П.(24) од с.Ранковце, Т.М.(18), М.М.(18), двајцата од с. Опила и посебен извештај против Б.Ј.(17) од с.Пеширово, светиниколско, за сторени кривични дела „насилство“ и „тешка телесна повреда“ и против З.М. за „прикривање“.
Пријавените на 31.12.2013 година, околу 23,00 часот, во с.Ранковц, кривопаланечко започнале расправија со поголема група деца кои биле организирани за дочек на Нова Година, а потоа и физички нападнале едно дете. Откако децата избегале во барака и се затвориле, сторителите ја оштетиле вратата и заминале.
Подоцна околу 23,30 часот, А.М.(15) кој бил организиран со други деца пред да влезе во бараката пријавените го нападнале и со дрвен предмет и боксирач му нанеле тешка телесна повреда-скршеница на носна коска. Инаку, З.М. иако знаел дека му се нанесени повреди на А.М. на полициски службеник не им ја кажал вистината, а потоа во полициска станица ја променил својата изјава.
]]>


