Премиерлигашот Свонси по серијата слаби резултати една победа и шест порази на последните десет натпревари или само шест освоени бодови го отпушти менаџерот Микаел Лаудруп.
Со Свонси лани Лаудруп беше победник на Лига купот, а оваа сезона настапуваат и во Лига Европа каде во 1/16 финалето противник им е Наполи.
Свонси во моментов се наоѓа на 12.место на табелата во Премиер лигата со 24 бодови или само два повеќе од екипите кои се во зоната за испаѓање.
На местото на Данецот е поставен долгогодишниот капитен на клубот Гери Монк, кој ја нема завршено играчката кариерата.
Свонси во сабота игра против локалниот ривал од Велс Кардиф Сити.
]]>


