Сеад Шеховиќ членот на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром се најде меѓу петте најдобри играчи во 19.коло од регионалната АБА лига.
МЗТ второ коло по ред има претставник во ТОП 5, откако претходната рунда тоа му успеа на Тодор Гечевски.
Црногорскиот репрезентативец кој ги брани боите на „аеродромци“ на натпреварот со Крка одигран во саботата собра 28 индексни поени со постигнатиот ефект од 20 поени, два скока и пет асистенции.
Најдобар во овој круг е играчот на Партизан Богдан Богдановиќ кој синоќа против Цибона оствари 35 индексни поени, но и покрај тоа неговиот тим беше поразен.
Во ТОП 5 на 19.коло се и: Џастин Холидеј (Шолнок) со 29 поени, Немања Гордиќ (Игокеа) со 28 и Јосип Собин (Задар) со 25 индексни поени.
]]>


