Удинезе со предност во реваншот од Купот против Фиорентина

 Екипата на Удинезе синоќа на домашен терен постигна победа од 2:1 во првото полуфинале од Италијанскиот фудбалски куп против Фиорентина.

Резултатот во 36.та минута го отвори Антонио Ди Натале за водство на Удинезе. Гостите изедначија во 44.та минута преку Перуанецот Хуан Варгас. Победата на домашната екипа и ја донесе Колумбиецот Луис Муриел на осум минути пред крајот на натпреварот.

Реванш дуелот се игра на 11 февруари во Фиренца.

Вечерва во второто полуфинале на „Олимпико“ во Рим играат Рома и Наполи на нашиот Горан Пандев. Реваншот од овој дуел се игра на 12.февруари.

]]>

Најчитани вести