Лидерот на табелата во Источната конференција тимот на Индијана оствари нова победа и повторно има најдобар скор во НБА лигата.
Ноќеска Индијана славеше на гостувањето кај Атланта со 89:85. Најзаслужен за победата беше Дејвид Вест со „дабл-дабл“ учинок 22 поена и 10 скокови.
На другите три натпревари одиграни ноќеска: Минесота – ЛА Лејкерс 109:99, Феникс – Чикаго 92:101 и Голден Стејт – Шарлот 75:91.
Вечерва на програмата се 12 натпревари: Кливленд – ЛА Лејкерс, Филаделфија – Бостон, Вашингтон – Сан Антонио, Орландо – Детроит, Њујорк – Портланд, Хјустон – Феникс, Мемфис – Далас, Њу Орлеанс – Атланта, Оклахома Сити – Минесота, Денвер – Милвоки, Сакраменто – Торонто и ЛА Клиперс – Мајами.
Пласман Источна конференција: Индијана 38-10 (победи-порази), Мајами 34-13, Торонто 26-22, Атланта 25-22, Вашингтон 24-23, Чикаго 24-24, Бруклин 21-25, Шарлот 22-28,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 39-11, Сан Антонио 35-13, Портланд 34-14, ЛА Клиперс 34-17, Хјустон 32-17, Феникс 29-19, Голден Стејт 29-20, Далас 28-21,.
]]>


