Дваесет и едно годишниот фудбалер на Реал Мадрид, Иско изјави дека и покрај малата минутажа што ја добива од тренерот Карло Анчелоти, сепак е среќен што е дел од „кралскиот клуб“.
– Задоволен сум како се развива мојата кариера. Навистина малку играм, но кога добивам шанса се трудам максимално да ја искористам и да му помогнам на мојот клуб. Сите во Реал се надеваме на големи резултати годинава. Поминав напорна работа и долг пат додека да стигнам до тука и продолжувам да се борам за првотимски статус, истакна Иско.
Младиот фудбалер на Реал сезонава настапи на 28 натпревари во сите натпреварувања, а на половина од нив влезе од клупата за резерви.
Иско добиените шанси да настапи ги искористи со постигнување на шест голови, а остварил и четири асистенции.
]]>


