Роналдо доби суспензија од три натпревари

Дисциплинската комисија при Шпанската фудбалска федерација денеска го казни Кристијано Роналдо со забрана за настап на три натпревари.

Најдобриот играч на Реал Мадрид на натпреварот со Атлетик Билбао одигран во неделата на „Сан Мамеш“ беше исклучен, откако удри противнички играч, а потоа за лице фати друг фудбалер на Билбао.

По изречената казна, се покажаа како залудни надежите на тренерот на Реал Карло Анчелоти дека португалскиот репрезентативец ќе помине евентуалнo со казна од една средба.

Според распоредот во Примера Роналдо нема да игра со Хетафе, Вилјареал и Елче.

Реал Мадрид има право да поднесе жалба на оваа одлука.

Суспензијата за Португалецот не се однесува за купот, па Роналдо ќе може да игра во полуфиналето од ова натпреварување со Атлетико Мадрид.

]]>

Најчитани вести