Закани за киднапирање кон австриските олимпијци

Два дена остануваат до почетокот на Зимските олимписки игри чиј домаќин е рускиот град Сочи, а додека спортистите полека пристигнуваат во олимпискиот град, за организаторите и натаму главна грижа е нивната безбедност.

Безбедноста на натпреварувачите на претстојните Зимските олимписки игри во Сочи, ќе биде приоритет на организаторот.

Нова закана за безбедносната на олимпијците е упатена кон две австриски скијачки.

Бернадет Шилд и Јанине Флок добиле закани за киднапирање на само неколку два дена пред стартот на игрите.

Австриските медиуми откриваат дека ова не е прв случај на закана односно дека слична закана добила и поранешната светска првенка Марлиз Шилд.

Претседателот на Австрискиот олимписки комитет Петер Менел, за весникот „Кроне“ откри дека заканувачките писма доаѓаат од Русија, а побара од организаторите на игрите да се погрижат за максимална безбедност на спортистите.

Засега не е познато кој ги испратил заканите, иако претпоставките се дека тие доаѓаат од радикалните исламисти на чело со Доку Умаров, кои најавија дека ќе прават проблеми со цел да прикажат лоша слика за Русија и претседателот Владимир Путин.

]]>

Најчитани вести