Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ и кандидат за градоначалник на Струмица на последните локални избори, Васил Пишев, има милионски суми инвестиции во Бугарија. Ова вчера на собраниска говорница го изјави пратеникот Панче Орцев од СДСМ.
-Ова е вашиот хотел во Благоевград кој што чини 3 милиони евра. Дали со одлука на советот на Благоевград можат да ви ја сменат фасадата – праша Орцев реплицирајќи на нападите на Пишев врз градоначалникот на Струмица Зоран Заев.
– Вие имате хотел со три ѕвезди во Благоевград. И се додека го инвестирате својот капитал во Република Бугарија немате никаво право да зборувате за општина Струмица и за Македонија- изјави Орцев.
]]>




