Ротари клубот „Кочани–Виница“ донираше цтистоскоп за Одделението за урологија при Клиничка болница од Штип, во вредност од 212.000 денари, средства што ги обезбедени клубот.
Истовремено, предадена е уште една донација која се состои од по 10 концентратори за кислородна поддршка и инвалидски колички, 32 ролатори за поголема подвижност на пациентите, 2 моторизирани лифта за физикална терапија, медицински кабли, инфузиски комплети Venofix, санитарни прекривки за душеци, медицински помагала, санитарен материјал за операции и секојдневна работа, како и друг медицински инвентар.

-Сето ова е обезбедоно од нашите партнери LetzCare, Safet Alili и GNTC Foundation од Косово. Нивната поддршка овозможува реализација на проекти што директно придонесуваат за подобрување на условите за лекување и грижата за пациентите, се наведува во соопштението на Ротари клубот „Кочани- Виница“.
Ротари клуб „Кочани – Виница“


